|
17.10.2016. |
|
На 16. 10. 2016 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од сите архиерејски намесништва на епархијата, а молитвено присуствуваа голем број на верници. На оваа Литургија, Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел благоволи и го ракополжи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон дипломираниот теолог, Ѓорѓе Лазов од Кавадарци.
Во словото кое Митрополитот Агатангел го упати кон присутните, тој го претстави новиот ѓакон и му упати порака да ја сака својата Црква, својот народ и својата земја и со своите дела да биде пример за сите верни.
|