


| Акатист кон Пресвета Богородица |
| 23.09.2016. | |
|
![]()
Во предвечерјето на празникот на Рождеството на Мајката Божја, Светата владичица наша Богородица, во храмот посветен на Нејзиното успение во Велес се отслужи Вечерна богослужба. На богослужбата, во присуство на многуброен народ, кој дојде на молитвено поклонение пред Мајката Божја, богослужеа свештеници од Велес, а во присуство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел. На вечерната богослужба беше прочитан и Акатистот кон Пресвета Богородица. На крајот од Богослужбата беа прекршени и благословени славските лебови.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|