


| Ин мемориам - Протоереј-ставрофор Стојко Ристовски |
| 31.08.2016. | |
|
Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Заупокоената Литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, на која се принесоа молитви за покој на душата на протоереј-ставрофор Стојко Ристовски. По Литургијата беше извршено опело во кое сослужуваа повеќе свештенослужители од Скопската и Повардарската епархија. - Протоереј-ставрофорот Стојко Ристовски како секретар од самото формирање на Повардарската епархија, сецело, со духовен вознес, беше оддаден на уредувањето на црквите и манастирите во Епархијата и при изградбата на Епархиската зграда. Тој многупати на своите плеќи го носеше целиот товар за благолепието и благосостојбата во Епархијата, истакна Митрополитот Агатангел. Тој беше погребан во манастирот „Св. Архангел Михаил“ во село Теово, под чие ктиторство и се изгради овој манастир.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|