|
18.08.2016. |
|
Се известуваат сите верници од градот Велес дека во чест на еден од најторжествените празници во животот на Светата црква, Успението на Мајката Божја, кое уште се нарекува и Второ Воскресение, на 26. 08. 2016 (петок), на Вечерна Богослужба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“, со почеток во 19 часот, ќе биде отслужен Молебен канон на Пресвета Богородица со читање на Богородичниот Акатист, на која сите верници ќе можат да принесат петолебие за здравје и благосостојба. На Богослужбата ќе присуствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел, заедно со сите свештенослужители од градот Велес.
|