|
Оплакување Христово - Велики Петок |
|
29.04.2016. |
|
Во храмот „Свето Вознесение Христово“ во Велес, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во вечерните часови на Велики Петок, во присуство на голем број верници чиноначалствуваше со богослужбата на Оплакување на постраданиот и погребан, Спасителот Господ Исус Христос на која беа прочитани Пофални песни на гробот Христов, односно Статии на Велики Петок, а потоа се изнесе светата Плаштаница околу храмот. Со слово пред многубројните верници, на крајот на богослужбата, се произнесе свештеник Драги Гаштарски.
|