Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Нови изданија од Повардарската епархија
18.12.2007.

 
 
Издавачката дејност при Повардарската епархија на Македонската Православна Црква од денес е побогата за уште едно издание. Имено, денес излезе од печат книгата  „За светото и возвишено служење на свештеникот Божји“, во која, во три различни поглавија се обработени теми кои се однесуваат на свештеничката служба.  
Ова е второ издание во краток период од издавачката дејност на Повардарската епархија, со оглед на тоа што неодамна излезе од печат и книгата „Толкување на Првото и Второто Послание до Коринтјаните од светиот апостол Павле“ од авторот Проф. М-р. Момчило Павловиќ. Ова значајно дело освен за пошироката јавност, ќе биде наменето и како учебник за учениците и студентите од Богословските институции на Македонската Православна Црква.
 
 
Двете изданија можат да се најдат во сите храмови на Македонската Православна Црква. 
 
< Претходно   Следно >