


| Групна венчавка |
| 2.11.2015. | |
|
На 31. 10. 2015, ден сабота, во соборниот храм на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон” во Велес, се одржа осма по ред групна венчавка, на која 3 двојки ја крунисаа љубовта со Божји благослов. Со молитва за здравје, потомство и мирна и совршена љубов се до судниот ден, тие го добија Божјиот благослов за својот брак. Кумови, деца, внуци, пријатели и голем број посетители го исполнија храмот. Чинот на Светата тајна – брак го извршија Протоереј Ристе Јанушев, свештеник Мики Миовски, и ѓакон Бобан Ѓорѓиевски. Господ нашиот Бог, по застапништвото на Пресветата Владичица наша Богородица, на нововенчаните брачни парови да ги утврди нивните домашни цркви и да ги утеши во староста.
![]()
|
| < Претходно | Следно > |
|---|