


| Рождество на Пресвета Богородица |
| 22.09.2015. | |
|
![]()
На 21.09.2015 година, кога Светата Православна Црква го празнува споменот на Раѓањето на Пресвета Богородица – Мала Богородица, во храмот посветен на Рождеството на Мајката Божја во село Богородица се отслужи Архиерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на повеќе свештенослужители. Манастирската црква беше исполнета со верни души кои молитвено го побараа застапништвото на Мајката Божја пред престолот на Спасителот, за здравје и спасение на нивните души. Многумина од присутните верници пристапија кон Светата Тајна – Евхаристија и се причестија со Светите Христови дарови. |
| < Претходно | Следно > |
|---|