|
Осветување на престол и иконостас |
|
22.09.2015. |
|
На 20. 09. 2015 година (недела), денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Светиот маченик Созонт, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Свето Вознесение Христово“ во Гевгелија. Пред почетокот на Литургијата се изврши чин на преосветување на Божјиот престол на Светиот олтар и иконостасот на манастирот. Преосветувањето на црквата го изврши надлежниот Митрополит на Повардарската епархија г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија. По преосветувањето, Митрополитот Повардарски г. Агатангел на старешината на манастирот и намесник на евгелиското епархиско намесништво, протоереј Миле Љ. Штрбевски му го додели највисокото епархиско признание, а тоа е Орденот за црковни заслуги за неговиот личен придонес во обновувањето на храмот и истовремено им заблагодари на сите оние кои со свои доброволни прилози, како и со својот личен труд го помогнаа обновувањето на овој храм.
|