Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Освет на камен темелник за нова црква во Велес
31.08.2015.
 
Sample Image
 
 Sample Image
 
 
Sample Image Sample Image На 30. 08. 2015 година (недела), во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес се отслужи Света Божествена Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Дебарско кичевски г. Тимотеј, архимандритот Нектариј и бројно свештенство од Повардарската, Скопската и Дебарскокичевската епархија. На Литургијата молитвено присуствуваа голем број верници од Велес. По завршувањето на Светата Литургија, Неговото Блаженство, г.г. Стефан заедно со Митрополитите, свештенослужителите и верниот народ се упатија во населбата Тунел во Велес, каде што се изврши осветување на камен темелник за нова црква, посветена на Светиот Јован Крстител. На светиот чин на поставување и осветување на камен темелникот на новиот храм присуствуваа Министерот за одбрана на РМ, гдин Зоран Јолевски, градоначалникот на Општина Велес, гдин Славчо Чадиев, пратениците во Собранието на РМ од Велес, претставници од сите институции во градот, како и голем број велешани коишто со радост го поздравија отпочнувањето на градбата на новиот храм. Црквата ќе се гради со средства на Повардарската епархија, а под покровителство и на Општина Велес, како и со доброволни прилози на нашиот благочестив македонски народ. Новиот храм се гради според архитектонско решение на архитектот Благој Здравев од Штип, а техничката изведба на објектот ќе ја изврши компанијата „Тргоцемент“ од Велес.
 
 
< Претходно   Следно >