


| Сеноќно бдение |
| 30.03.2015. | |
|
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Mитрополитот Повардарски г. Агатангел, на 27. 03. 2015 г. во храмот „Св. Кирил и Методиј“ во Гевгелија се отслужи сеноќно бдение. Со бдението чиноначалствуваше Архиерејскиот намесник од Гевгелија, протoереј Миле Штрбевски во сослужение со протоереј Горан Панзов, свештеникот Љупче Миланов, јеромонасите Атанасиј и Паисиј од Серменинскиот манастир и ѓаконот Бобан Ѓорѓиевски. На бдението молитвено беа присутни и свештеници, псалти и верници од повеќето парохии од Гевгелиското намесништво.
![]()
|
| < Претходно | Следно > |
|---|