|
Недела на Св. Јован Лествичник |
|
23.03.2015. |
|
Во четвртата недела од Великиот Пост, која е посветена на светиот Јован Лествичник, а го славиме уште и споменот на Четириесетте Севастиски маченици и на Честириесетте Битолски маченици, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Неготино. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители, а молитвено присуствуваа многумина верни, од кои дел се причестија со светите Христови Дарови.
|