


| Недела на православието |
| 2.03.2015. | |
![]() Во Неделата на Православието, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во Соборниот храм на Повардарската епархија „Св.вмч. Пантелејмон“ во Велес. На Литургијата сослужуваа сите архиерејски намесници, повеќе свештенослужители од сите архиерејски намесништва, како и јеромонасите Атанасиј и Паисиј од Серменинскиот манастир. Митрополитот Агатангел, на Литургијата, благоволи и го произведе досегашниот чтец Александар Ставаноски од Велес во чин ипоѓакон. На Литургијата со празнично слово за Неделата на православието кон насобраните верници се произнесе свештеникот Драги Гаштарски. По Литургијата беше извршен молебен кој традиционално се извршува во Неделата на православието. Празникот Недела на Православието е востановен во 842 лето Господово како победно празнување над конечниот пад на иконоборството и повторно воспоставување на почитувањето на иконите. Оттогаш свечено се прославува во првата Недела од Великиот пост, како спомен на торжеството на вистинската вера не само над иконоборството, но над сите ереси. |
| < Претходно | Следно > |
|---|