Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Прва седмица од Великиот Пост
2.03.2015.

 

Sample Image
 
Sample Image

Во првата седмица од Великиот Пост, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, како и секоја година присуствуваше на Великопосните богослужби, како и големите повечерија со канонот на Св. Андреј Критски, кои се служат секој ден. Во петок од првата седмица Митрополитот Агатангел во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ присуствуваше на Утрена богослужба со великопосни часови и чиноначалствуваше на Литургијата на претходно осветени дарови.

Во првиот петок од Великиот Пост на вечерната служба во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ беше отслужена првата статија од Акатистот кон Пресвета Богородица. На вечерната богослужба сослужуваа повеќе свештеници, а присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

Останатите статии од Акатистот кон Пресвета Богородица ќе се служат на мало повечерие во секој нареден петок од Великиот Пост во храмовите „Св. Спас“ и „Св. вмч. Пантелејмон“.

 
< Претходно   Следно >