|
15.12.2014. |
|
На 14. 12. 2014, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата сослужуваа повеќе свештенослужители од Велес, а молитвено присуствуваа голем број на верници. На оваа Литургија, Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел благоволи и го ракополжи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон завршениот богослов и досегашен чтец, Бобан Ѓорѓиевски од Велес. Во словото кое Митрополитот Агатангел го упати кон присутните, тој го претстави новиот ѓакон и му упати порака да ја сака својата Црква, својот народ и својата земја и со своите дела да биде пример за сите верни. На новоракоположениот ѓакон Бобан Ѓорѓиевски, кој е вработен во администрацијата на Повардарската епархија му посакуваме да долголетствува на полето Господово, и како што ревносно ги извршува своите досегашни административни задачи, со уште повеќе ревност да го шири и проповеда Словото Божјо и да ја чува и заштитува Светата православна вера. На многаја лета!
|