|
Концерт на црковниот хор „Св. вмч. Пантелејмон“ |
|
6.10.2014. |
|
На 04. 10. 2014 година, црковниот хор на Повардарската епархија „Св. вмч. Пантелејмон“ одржа јубилеен концерт по повод 10-годишнината од нивното формирање. На овој прекрасен црковен настан присуствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, бројно свештенство на Повардарската епархија, како и голем број присутни кои ги проследија велелепните звуци на нашиот хор. Во рамките на концертот, под диригентската палка на проф. Славица Ставрева, беа изведени десет композиции. Тие беа поделени во два дела, шест духовни композиции во првиот дел и четири световни македонски композиции во вториот дел. Во дел од композициите, како солисти настапија Орхидеја Дукова и Мики Секуловски. Водител на овој значаен духовен настан за градот Велес и за Повардарската епархија беше велешкиот актер Васил Зафирчев.
|