|
Повик за присуство на Света Литургија |
|
15.09.2014. |
|
На 21 септември 2014 година (недела), на денот кога Светата православна црква го чествува Рождеството на Пресвета Богородица, со почеток во 08. 00 часот во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес ќе се отслужи Света Божествена Литургија. Со Литургијата ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Велес. Во предвечерјето на овој голем празник, во истиот храм ќе се отслужи Вечерна Богослужба со читање на Акатистот на Пресвета Богородица, со која исто така ќе чиноначалствува Митрополитот Повардарски г. Агатангел.
|