


| Призив на Светиот Дух |
| 15.09.2014. | |
|
![]()
На 14.9.2014 година во манастирската црква на свети Јован Крстител во Капиштец, Скопје, со Архиерејска Божествена Литургија со која чиночалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со Митрополитот Тетовско - гостиварски г. Јосиф и служители од Скопската православна епархија, а во присуство на г. Велимир Стојковски ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, протоереј Ацо Гиревски декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, доц. д-р ѓакон Иван Иванов професор на Софискиот универзитет, декани и продекани од УКИМ, како и студенти од богословскиот и други факултети, започна првиот академски час на студентите од Скопскиот Универзитет. По отслужената Литургија, со Молебен на кој чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, судентите заедно со своите професори се помолија за призив на Светиот Дух и благословена нова академска година. Преземено од сајтот на Скопската епархија . |
| < Претходно | Следно > |
|---|