|
Освет на камен темелник во Согленскиот манастир |
|
4.08.2014. |
|
На 03. 08. 2014 година, во Согленскиот манастир беше отслужена Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше протоереј-ставрофор Славе Јованов во сослужение на јеромонахот Авакум, протоѓакон Влатко Стоименов и ѓакон Васил Ристовски. По завршувањето на Светата Божествена Литургија, свештенослужителите пристапија во дворот на манастирскиот комплекс, каде на местото на старите и урнати манастирски конаци осветија камен темелник за нов конак. Новите манастирски конаци ќе се градат со финансиски средства од Повардарската епархија, како и од донации на верниците.
|