


| Групна крштевка во водите на реката Бабуна |
| 19.07.2014. | |
|
![]() ![]() ![]() Повардарската епархија на 19. 07. 2014 година (сабота) по седми пат организираше бесплатно групно крштевање во водите на реката Бабуна во Велес. И оваа година имаше голем број луѓе кои доброволно пристапија на православната вера, примајќи ја Светата Тајна – Крштение. Оваа година бројот на оние кои пристапија кон Светата православна црква изнесуваше 16. Чинот на осветување на водите на реката Бабуна и Светата тајна - Крштение го извршија протоереј Борис Симоновски, свештеник Мики Миовски и свештеник Игор Пармачки. Чинот започна во 10 часот, а најпрво беше извршен чинот огласување, во кој свештенослужителите ги повикаа сите оние кои дојдоа за да се крстат да се откажат од сатаната и од сите негови дела и да се соединат со Христа. Потоа сите заедно го прочитаа Символот на верата за да покажат дека веруваат православно.Откако беа осветени водите на реката Бабуна, огласените беа помачкани со елејот на радоста и еден по еден влегуваа во реката Бабуна и во името на Отецот и Синот и Светиот Дух трикратно беа потопени, го примија Светото Крштение и станаа членови на Светата Православна Црква. |
| < Претходно | Следно > |
|---|