|
Освет на камен-темелник за камбанарија |
|
26.05.2014. |
|
На 25. 05. 2014 (недела), со благослов на неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од Скопската епархија изврши освет на камен-темелник на камбанарија во црквата „Св. Никола“ во селото Љубанци на Скопска Црна Гора. Митрополитот Агатангел го пренесе благословот на Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и истакна дека камбанаријата ќе биде дел од секојдневието на жителите на Љубанци зашто ќе ги повикува за радост и ќе ги буди за молитва. Камбанаријата е донација од Јохан Тарчуловски со семејството, а на чинот на осветување на камен-темелникот присуствуваше и министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
|