Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Светиот великомаченик Георгиј - Ѓурѓовден
6.05.2014.

 

Sample Image

 

Sample Image На празникот на Светиот великомаченик Георгиј - Ѓурѓовден, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во велешкото село Сопот. На Литургијата сослужуваа повеќе свештеници од велешкото намесништво на епархијата.

На Литургијата присуствуваа голем број верници од Велес, Сопот и околните села кои традиционално го празнуваат Ѓурѓовден и како слава на селата во кои живеат. Присутните верници се причестија со Светите Христови дарови, а по завршувањето на Литургијата беше осветена вода и празничен колач за здравје и спасение на верниците.

 

 
< Претходно   Следно >