|
18.04.2014. |
|
На Велики Петок утрото, кога светата Православна Црква го слави погребението на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, во храмот „Св. Спас“ во Велес, Митрополитот Агатангел во сослужение со клирици од Велес, ги отслужи Царските Часови и Вечерната богослужба, на која, како што е превидено според типикот, беше изнесена плаштаницата среде храмот. Верниот народ се поклонуваше и ја целиваше плаштаницата и потоа поминуваше под неа, затоа што, за да дојдеме до воскресение, најпрво мораме да поминеме низ гробот Господов - без распетие, страдање и погребение нема воскресение.
|