Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Саем на книгата
4.04.2014.

 

Sample Image

 

Ве известуваме дека во рамките на учеството на Македонската православна црква на годинешниот МЕЃУНАРОДЕН САЕМ НА КНИГАТА, кој ќе се одржи од 08. 04. 2014 година до 14. 04. 2014 година на Скопскиот саем, Повардарската епархија ќе ги претстави сите свои изданија од својата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“. Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“. Истоврмено, Ве информираме дека на првиот ден од саемот ќе биде одржана промоција на книгите „Старец Јосиф Исихаст“ и „Св. Серафим Саровски“, на која промотор ќе биде протоереј Миле Штрбевски, а ќе присуствува и Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на вториот ден од саемот ќе биде одржана промоција на книгата „Пејач на покајанието“, на која промотор ќе биде свештеник Дарко Милев, а исто така ќе присуствува Митрополитот Агатангел. Ве покануваме да го посетите штандот на Македонската православна црква и да одберете некое од нашите изданија.

 
< Претходно   Следно >