


| Учество на младинскиот хор на фестивал во Бугарија |
| 21.03.2014. | |
|
![]()
Младинскиот црковен хор при Повардарската епархија „Св. Кирил и Методиј“ од Велес ќе учествува на престижниот меѓународен фестивал на православна музика „Св. Богородица – Достојно ест“ во Поморие, Република Бугарија, каде настапуваат хорови од сите православни земји. Фестивалот ќе се одржи од 11. 06. 2014 до 15. 06. 2014 година. Младинскиот хор, според својот квалитет, успеа да обезбеди учество во одбраните 25 хора, во селекција на 100 пријавени хорови за годинешниот, 11-ти по ред, фестивал.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|