


| Света Божествена Литургија |
| 3.02.2014. | |
|
![]()
На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Преподобниот Ефтимиј Велики, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Свето Вознесение Христово“ во Гевгелија. На Литургијата сослужуваа Протоереј Миле Штрбевски, свештеник Крсте Шабанов, јеромонах Атанасиј, јеромонах Паисиј, протоѓакон Влатко Стоименов и ѓакон Васил Ристовски. Литургијата беше збогатена со велелепните звуци на црковниот хор од Гевгелија. Оваа служба беше директно пренесувана на Македонската телевизија, како дел од проектот кој го спроведува МТВ со директни преноси од Неделните Литургии од сите епархии на Македонската православна црква.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]()
|
| < Претходно | Следно > |
|---|