


| Посета на ученици во Повардарската епархија |
| 31.01.2014. | |
|
![]() ![]()
На 30. 01. 2014 година, дел од учениците и наставниците при Основното училиште „Јордан Хаџи-Константинов Џинот“ од Велес беа во посета на Повардарската епархија, при што беа примени од секретарот на епархијата, протоѓакон Влатко Стоименов. При посетата на епархијата децата се запознаа со историјата на Повардарската епархија и воопшто со историјата на Македонската православна црква, како и многу други отанати аспекти од православната вера.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|