|
Божествена Литургија во „Св. вмч. Георгиј“ Неготино |
|
11.12.2013. |
|
На 09. 12. 2013 година, кога Светата православна црква го празнува споменот на осветувањето на храмот на свети великомаченик Георгиј во Киев, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и бројно свештенство на Повардарската епархија, отслужи Света Златоустова Литургија во манастирот на Свети Георгиј во Неготино. На Светата Литургија, многуброен верен народ од Неготино и неговата околина молитвено присуствуваа на Светата Божествена Литругија, а голем дел од верните застанаа пред Светиот Путир и се причестија со Светите Христови Тајни. На Литургијата, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф беседеше за значењето на празникот.
|