|
Осветување на параклис на Св. Серафим Саровски |
|
25.11.2013. |
|
На 23. 11. 2013 година, Митрополитот Повардарски г. Агатангел изврши осветување на параклисот во митрополитската резиденција на Повардарската епархија. Параклисот е посветен на Свети Серафим Саровски. По осветувањето на параклисот беше отслужена Света Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Агатангел во сослужене на протоереј Ристе Јанушев, свештеник Мики Миовски, свештеник Борислав Бобевски и ѓакон Васил Ристовски. Во предвечерјето на овој свет чин беше отслужена Вечерна богослужба со акатистот на Свети Серафим Саровски.
|