


| Заупокоена Литургија за спомен на Митрополитот Кирил |
| 22.07.2013. | |
|
![]() ![]()
На 20. 07. 2013 година, на четириесеттиот ден од упокојувањето на Митрополитот Полошко - Кумановски г. Кирил, во прекрасната манастирската црква на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Дељадровце, Митрополит Повардарски г. Агатангел, во сослужение на епископите г. д-р Јосиф Лешочки, г. Јосиф Велички, и свештенството од Полошко - Кумановската епархија, отслужи Архиерејска заупокоена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата, Митрополитите г. Тимотеј и г. Агатангел, со епископите Јосиф Велички и Јосиф Лешочки отслужија парастос на гробот на блаженопочинатиот Митрополит г. Кирил.
|
| < Претходно | Следно > |
|---|