


| Заупокоена Литургија |
| 20.06.2013. | |
|
![]() ![]()
Заупокоена Литургија во манастирот на св. вмч. Георгиј, с. Дељадровце (19.06.2013) На 19.06.2013 година, на деветиот ден од упокоението на Митрополитот Полошко- Кумановски г. Кирил, во прекрасната манастирската црква на св.вмч. Георгиј, во с. Дељадровце, Митрополит Повардарски г. Агатангел, во сослужение со епископите г. Јосиф Лешочки, г. Јосиф Велички, и свештенството од Полошко-Кумановската епархија, отслужи Архиерејска заупокоена Литургија за блаженопочинатиот Митрополит г. Кирил. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Како вистинско чедо кое бескрајно го сака својот духовен татко, Митрополитот г. Агатангел, со многу љубов и внимание, говореше за своите први чекори во МПЦ, уште како млад богослов и средбата со Митрополитот Кирил, за големината и значењето на неговите духовни дела, за надежта дека Господ ќе ја прими неговата душа во Царството небесно. Потоа во манастирскиот двор, во спокојството и мирот кој обзема, а каде се наоѓаат моштите на починатиот архиереј, Митрополитот Агатангел во сосолужение на епископите Јосиф Лешочки и Јосиф Велички, гo изврши чинот на опелото за блаженоупокоениот Митрополит Кирил. Нека му е вечен неговиот спомен! Амин. Извор: Преминпортал |
| < Претходно | Следно > |
|---|