


| Заупокоена Литургија со опело за Митрополитот Кирил |
| 15.06.2013. | |
|
![]()
По повод упокојувањето на Митрополитот Полошко - кумановски г. Кирил, се отслужи Божествена Литургија со опело во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Со Литургијата чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот повардарски г. Агатангел, Митрополитот европски г. Пимен, Митрополитот брегалнички г. Иларион и Епископот лешочки г. Јосиф. Потоа архиереите и верниот народ се упатија во манастирот „Св. Георгиј“ во с. Дељадеровце каде што беше погребан блаженоупокоениот митрополит.
Слово Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан на погребот на Митрополитот Кирил Последно збогум - Епископ Лешочки г. Јосиф Преземено од сајтот на Скопската епархија на МПЦ |
| < Претходно | Следно > |
|---|