Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Архиерејска Божествена Литургија - Валандово
11.02.2013.

 

Sample Image

 

На 10.02.2013 година, на денот кога Светата православна црква го слави споменот на Преподобниот Ефрем Сирин и преподобниот Исаак Сирин, во храмот посветен на светиот великомаченик Димитриј Мироточив во Валандово, се отслужи Света Архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештенослужители од Гевгелиското намесништво на Повардарската епархија.

 

 

Преподобен Ефрем Сирин     10/02/2013

 

Sample ImageРоден е во Сирија од бедни родители во времето на царот Константин Велики. Раната младост ја помина прилично бурно, но одеднаш во неговата душа настана пресврт и тој почна сиот да гори од љубов кон Господ Исус. Му беше ученик на Св. Јаков Нисибиски (13 јануари). Од големата Божја благодат од неговата уста извираше мудрост како меден поток, а од очите непрестајно му течеа солзи. Трудољубив како пчела. Непрестајно пишуваше книги или ги поучуваше монасите во манастирот и народот во градот Едеса или пак самиот се предаваше на молитва и богомислие. Неговите книги се многубројни, неговите молитви прекрасни. Најпозната му е молитвата за Чесниот Пост: „Господи и Владико на мојот живот“. Кога сакаа насила да го земат за епсикоп, почна да се прави луд и да јури низ градот Едеса, влечејќи ја зад себе својата облека. Кога го видоа тоа луѓето го оставија на мир. Му беше современик и пријател на Св. Василиј Велики. Св. Ефрем Сирин е главно апостол на покајанието. Неговите списи и ден денес смекнуваат многубројни срца закоравени во грев, и ги враќаат кон Христа. Се упокои во длабока старост во 378 година.

 

Преподобен Исаак Сирин     10/02/2013

 
Sample ImageРоден е во Нинива и во младоста се подвизуваше во Мар-Матејскиот манастир близу Нинива. Кога се прочу со светоста на животот и со многубројните чуда, го избраа за епископ Нинивски и го принудија на тој чин. Но после пет месеци тој го остави епископството и тајно се оддалечи во оддалечениот манастир Раббан-Шабур. Состави многубројни дела, од кои до нас дојдоа околу сто беседи за духовниот живот и подвижништвото, пишувани главно од сопствен опит. Неспоредлив психолог и раководител во духовниот живот. Дури и светителите како Св. Симеон Дивногорец од него бараа совет. Се упокои во длабока старост на крајот од 7 век. 

 

 
< Претходно   Следно >