|
10.01.2013. |
|
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел и оваа година во рамките на соработката на Повардарската епархија и здружението на деца заболени од церебрална парализа од Велес, Повардарската епархија организираше Божикна забава за овие дечиња. На ова дружење присуствуваше Митрополитот Агатангел кој го благослови овој собир, а присуствуваше и градоначалникот на Општина Велес, кој ја поздрави оваа благородна активност. На оваа средба настапи новиот црковен хор при Повардарската епархија. На забавата сите дечиња кои беа присутни, како и оние кои не беа во можност да присуствуваат добија пакетчиња од Повардарската епархија. Оваа средба беше петта по ред, а е со тенденција да продолжи и во иднина.
|