|
На 24. 10. 2012 година, Митрополиот Повардарски г. Агатангел го прими во посета женскиот црковен хор „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. На средбата, диригентката на хорот проф. Веселинка Маџарова-Андова го информираше Митрополитот дека новосоздадениот црковен женски хор е веќе подготвен за да учествува со своето пеење во Светата Божествена Литургија, така што од сега па натаму богослужбите во Велес и во Повардарската епархија ќе бидат збогатени со велелепните звуци и на овој нов црковен хор. Ова е втор црковен хор во Велес, покрај постоечкиот мешан хор „Св. вмч. Пантелејмон“.
|