


| Светите апостоли Петар и Павле |
| 13.07.2012. | |
|
![]() ![]()
Фотоматеријал од Петровден во Папрадиште
Денот на Светите апостоли Петар и Павле – Петровден, беше одбележан во велешкото село Папрадиште, каде што Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Архиерејска Литургија, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија. Православниот храм „Св. Петар и Павле“, еден од најголемите бисери на сакралната архитектура во областа Азот, велешко, којшто е изграден во 1900 година, беше духовниот дом на стотици верници од Велес, неговата околина, но и од други градови во Македонија, кои се по потекло од ова село, и кои традиционално секоја година на овој ден пристигнуваат во селото да го посетат овој храм и да се поклонат на Светите апостоли Петар и Павле. Папрадиште е селото од кое потекнува познатиот градител на цркви Андреја Дамјанов и на плејада други познати мајстори кои со својата богоугодна работа, градејќи ги најубавите православни храмови на Балканот, оставија свој вечен печат во величието на православната вера на овие простори. |
| < Претходно | Следно > |
|---|