


| Архиерејска Литургија во Богданци |
|
Во петтата недела од Великиот Пост, посветена на преподобната Марија Египетска, Митрополитот Повардарски г. Агатангел чиноначалствуваше со Архиерејската Литургија во храмот „Св. Атанасиј“ во Богданци. На Литургијата сослужуваа свештеници од гевгелиското и кавадаречкото намесништво на Повардарската епархија. Верниците кои беа подготвени за Светата Причест ги примија Светите Христови Тајни, а на крајот беа осветени и прекршени празничните лебови. |
| < Претходно | Следно > |
|---|