


| Одбележување на празникот на патронот на МПЦ |
| 7.12.2011. | ||
|
рославата на празникот на патронот на Македонската Православна Црква, Свети Климент, Охридскиот Чудотворец , започна со свеченост во Македонската Православна Богословија која го носи името на овој голем македонски светител. На свеченоста по повод патронатот на богословијата присуствуваше Архиепископот Охридски и Македонски Г. Г. Стефан, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, кој е и ректор на Богословијата, Митрополитите Полошко-кумановски г. Кирил, Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Преспанско-пелагониски г. Петар. Одбележувањето на празникот започна со Вечерна богослужба во храмот „Св. Спас“ во Драчево, со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско - Кичевски г. Тимотеј, а потоа во капелата во Македонската богословија се одржа духовна академија и настапи хорот при богословијата.
|
||
| < Претходно | Следно > |
|---|