Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Дванаесетта недела по Педесетница
24.08.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На ден 23.08.2026 година, во дванаесеттата недела по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештеници од Велес, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Св. Јован Крстител“ во Велес. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

 

 
Реиздание на книгата „Богородично правило“
24.08.2026.
 

 

Sample Image

 

Во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица, со особена радост го известуваме верниот народ дека, со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, од печат излезе реиздание на книгата „Богородично правило“, во издание на Издавачката дејност на Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“.

„Богородичното правило“ претставува драгоцено молитвено четиво посветено на Пресвета Богородица и на нејзиното непрестајно застапништво пред нејзиниот Син и наш Бог, Господ Исус Христос. Ова молитвено правило, низ вековите, за многумина верници претставува помош и поттик за продлабочување на личниот молитвен живот, за стекнување духовен мир и за приближување кон Бога преку молитвеното застапништво на Божјата Мајка.

Во деновите кога Црквата се подготвува да го прослави Успението на Пресвета Богородица, ова ново издание доаѓа како убав поттик празникот да не го доживееме само како надворешно чествување, туку и како можност за духовно обновување, молитва и посветување на нашиот живот на Бога.

Пресвета Богородица, со својот живот исполнет со смирение, вера, послушание и љубов, ни покажува како човекот може целосно да се довери на Божјата волја. Нејзиното застапништво е утеха за оние кои страдаат, надеж за оние кои се во искушенија и поттик за сите кои сакаат да живеат во заедница со Бога.

Токму затоа, „Богородично правило“ може да биде драгоцен духовен придружник во секојдневниот живот – книга кон која верникот може да се навраќа со молитва, особено во моменти на духовна потреба, благодарност и барање на Божја помош.

Новото реиздание е уште еден придонес на Повардарската епархија во збогатувањето на духовната литература и во поттикнувањето на молитвениот живот кај верниот народ.

Во очи на големиот Богородичен празник Успение на Пресвета Богородица, оваа книга нека биде покана за сите нас повторно да ја откриеме силата на молитвата и со доверба да прибегнеме кон Пресветата Богородица, која непрестајно се моли за нас и го застапува човечкиот род пред престолот на својот Син.

Пресвета Богородице, спаси нè и застапувај нè пред Господ Исус Христос!

Книгата можете да ја порачате во Издавачката дејност на Повардарската епархија на тел: 043 221 231, да испратите порака на е-пошта: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете , или, пак, да пишете порака на нашата ФБ страна.

 

 

 
Преображение Господово
19.08.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На големиот христијански празник, Преображението на Господ Исус Христос на планината Тавор, во црквата „Свети Атанасиј“ во Неготино, беше отслужена Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство од Повардарската епархија.

На крајот на Литургијата, Митрополититот и свештенослужителите пристапија на средината од храмот, каде што извршија осветување и благословување на грозјето коешто верниците го донесоа од своите лозја и ги прекршија и благословија празничните лебови.

 
Eдинаесетта недела по Педесетница
17.08.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во единаесетатта недела по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенослужители од велешкото архиерејско намесништво на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата, молитвено присуствуваа многубројни верни, од кои поголем дел ја примија Светата Тајна Причест.

 

 

 
Св. вмч. Пантелејмон - патрон на градот Велес
9.08.2026.

 

Sample Image

 

ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА – ГАЛЕРИЈА

СВЕТА БОЖЕСТВЕНА ЛИТУРГИЈА - ГАЛЕРИЈА

На 8 и 9 август секоја година, Велес го чествува споменот на својот патрон и заштитник, светиот великомаченик Пантелејмон. Овој празник се чествува и како официјален празник на градот Велес и под покровителство на Општината од 2009 година и покрај тоа што жителите на градот Велес неговата закрила ја чувствуваат многу одамна, за што сведочи и изградбата на Соборниот храм на Повардарската епархија, посветен на овој светител, по чии молитви, градот бил спасен од страшната чума која се појавила во XIX век.

Празнувањето започна со Вечерна Богослужба на која голем број верници од Велес молитвено го просеа застапништвото пред Бога од светиот вмч. Пантелејмон, нивниот закрилник.

По Вечерната богослужба беше организирана Духовна академија на која со пригодни зборови се обратија Градоначалникот на Општина Велес, г. Марко Колев, протоереј Ристе Јанушев со слово посветено на светиот великомаченик Пантелејмон, а на крајот го проследивме одличниот музички настап на Јована Богдановска во придружба на инструментален состав. Програмата ја водеше велешкиот истакнат актер Васил Зафирчев.

Централен настан на чествувањето на светиот великомаченик Пантелејмон - патронот на градот Велес, беше отслужената Божествена Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија.

На Литургијата присуствуваа и градоначалникот на Велес г-дин Марко Колев, советниците од Општината, како и голем дел од претставниците на институциите од градот. Литургијата беше молитвено проследена и од голем број верници од Велес. По завршувањето на Литургијата беа принесени и осветени славските колачи. 

 

 
Света Петка Римјанка
8.08.2026.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на светата преподобна маченичка Параскева-Петка Римјанка, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот на преподобната Петка во Велес.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 1778