Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна


Литургија и освет на камен-темелник во Гевгелија
24.11.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во 24-та седмица по Педесетница, беше отслужена Света Божествена Литургија во манастирот на Светото Вознесение Христово во Гевгелија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и на бројно свештенство од Повардарската епархија. На Литургијата беседеше Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

Радоста на овој ден беше зголемена, затоа што по завршувањето на Литургијата, Митрополитите, заедно со клирот  извршија осветување на камен-темелник за нов храм, во новиот дел на градот. Ова ново црковно светилиште ќе биде посветено на Соборот на светиот Архистратиг Михаил и сите сили небесни.

На овој свет и историски чин, покрај мноштвото верници од градот Гевгелија, присуствуваа и градоначалникот на Општина Гевгелија г-дин Андон Сарамандов, министерот за култура г-дин Зоран Љутков, претседателот на Совет на Општина Гевгелија г-ѓа Анета Стамкова, пратеничките во Собранието на Република Македонија г-ѓа Ангелина Петкова и г-ѓа Јулија Тушевска, како и градоначалниците и претседателите на советите на соседните општини.

 

 
Собор на свети Архангел Михаил
21.11.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога Светата православна црква го чествува споменот на Соборот на светиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни бестелесни, се отслужи Света Божествена Литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Велес. Литургијата ја отслужи протоереј Јован Илиев, во сослужение на протоѓакон Васил Ристовски, а во молитвено присуство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

 

 
Света Божествена Литургија во Скопје
17.11.2025.

 

Sample Image

 

На 16.11.2025 година, кога Црквата го празнува обновувањето и осветувањето на храмот „Св. вмч. Георгиј Победоносец“ во Лида – Ѓурѓиц, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан – во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Повардарски г. Агатангел и Европски г. Пимен – богослужеше Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој славен великомаченик, во скопската населба Чаир. По Божествената Литургија, Архиепископот им подари на митрополитите архијерејски инсигнии – крст и панагија, по повод 70 годишниот јубилеј од раѓањето на Митрополитот Агатангел и 20 годишниот јубилеј од епископска служба на Митрополитот Пимен.

Повеќе инфо на сајтот на Скопската епархија на МПЦ-ОА

 

 
Свети великомаченик Димитриј
10.11.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На денот кога Светата православна црква го празнува споменот на светиот великомаченик Димитриј, во храмот посветен на светителот во Валандово се отслужи Света Архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на многубројно свештенство од Повардарската Епархија. Митрополитот Агатангел благоволи и го пострижа во чин чтец, теологот Христијан Марковиќ од валандовското селото Марвинци. Како и секоја година многубројни верни жители на градот Валандово молитвено се поклонија кон  свети Димитриј, кого тие го слават како свој патрон и закрилник.

На Литургијата, покрај многубројните верници, присуствуваа и Градоначалниците на Општина Валандово г-дин Ѓоко Камчев и на Општина Ново Село г-дин Ѓорѓе Божинов, пратеничката во македонското Собрание г-ѓа Јулија Тушевска, претседателката на Советот на Општина Валандово г-ца Марија Чурлинова, како и повеќе советници од Општина Валандово.

 

 
Јаковова Литургија во Велес
5.11.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

На 05. 11. 2025 година, кога Светата православна црква го чествува споменот на светиот апостол Јаков, брат Господов, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, се отслужи света Божествена Литургија според Јаков, Литургија која се служи двапати во годината. На Литургијата чиноначaлствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на повеќе свештенослужители од градот Велес.

 

 
Света Божествена Литургија
3.11.2025.

 

Sample Image

 

ФОТОГАЛЕРИЈА

Во 21 Недела по Педесетница, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија, отслужи Света Божествена Литургија во параклисот „Св. Наум Охридски“ при црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. На Литургијата, од страна на наши верници од Австралија, беше донесена честица од светите мошти на светиот свештеномаченик Климент Римски, небесниот заштитник на свети Климент Охридски, која е дар од епископот Георгиј од Австралиската епархија на Руската Задгранична Црква.

 

 
Повеќе...
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следна > Крај >>

Резултати 1 - 38 од 1691