Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 01.07./18.06.
01.07./18.06.
1.07.2010.
Sample Image

Св. мч. Леонтиј – Бил римски војвода во финикискиот град Триполис, во времето на царот Веспазијан. Родум од Грција, „со голем раст, снажен, јак и храбар во битките“. Царскиот намесник Адријан испратил еден одред војска да го фатат Леонтиј затоа што Адријан бил жесток противник и гонител на христијаните. Старешината на тој одред, Ипатиј, попат се разболел од треска, поради што одредот морал да го успори своето движење. Една ноќ ангел Божји му се јавил на Ипатиј и му рекол: „Ако сакаш да бидеш здрав, извикај трипати кон небесата со сите твои војници: Боже Леонтиев, помогни ми!“ Своето видение Ипатиј им го соопштил на своите другари и сите едногласно извикале како што советувал ангелот и Ипатиј одеднаш оздравел. Ова чудо ги восхитило сите, а особено некој си Теодул. Тогаш Ипатиј и Теодул тргнале напред, пред останатите војници, да го најдат војводата Леонтиј. Леонтиј убаво ги примил и ги нагостил. А кога им ја изложил својата вера кон Христа, нивните срца се разгореле со љубов кон Христа и во тој час светол облак се спуштил на Ипатиј и Теодул и од облакот паднала роса на нив. Дух Божји ги крстил овие обратни души, а св. Леонтиј во тој час ги изговорил зборовите: „Во името на Пресвета Троица, Отецот и Синот и Светиот Дух“. Опакиот Адријан дознавајќи дека Ипатиј и Теодул станале христијани, наредил без никаков обзир да ги тепаат, а потоа со секира главите да им ги отсечат. Така завршиле овие две духовни чеда на Леонтиј. Тогаш Адријан наложил лути измачувања на Леонтиј, но Леонтиј останал непоколеблив во својата света вера. Целото тело со рани му го покриле, но тој усрдно се молел на Бога да не го остави. На сред најтешките маки му се јавил ангел Господов и го охрабрил и го утешил. Најпосле го легнале маченикот на земја и го тепале сè дотогаш додека не го предал својот дух на Бога. Страдањето на св. Леонтиј со свои очи го гледал некој си кир Хотариј, кој сето тоа и го запишал на оловни плочи и плочите ги положил во гробот на маченикот. Свети Леонтиј чесно пострадал во 73 година по Христа.

Преп. Леонтиј проѕорлив – По потекло е Грк од Пелопонез. Се подвизувал во ман. „Дионисијат“ 60 години и се претставил во 1605 година со 85 години од раѓањето. За овој светител се зборува дека само еднаш влегол во манастирот и само еднаш излегол од таму за полни 60 години. Имено: влегол тогаш кога првпат стапил во манастирот „Дионисијат“, а излегол тогаш кога мртов го изнеле да го погребаат. Имал чуден дар на видливост и пророкување, а по смртта од неговите мошти потекло миро.

Р А С У Д У В А Њ Е

Со колкаво внимание еден научник ги испитува појавите во природата, со уште поголемо внимание ние треба да ги испитуваме појавите и дејствата на Божјата благодат. Еве што сведочи еден од духовните великани за дејството на причесната. Отец Јован Кронштатски пишува: „Се восхитувам на величината и животвотноста на божественото причестие: старица плука крв и веќе сосема изнемоштена, не можејќи ништо да јаде, оној ден кога од мене прими причест, почна да се поправа. Девојка на смрт, по причестувањето, почнала да се поправа, да јаде, да пие и да рзговара, додека пред тоа таа била без свест, во треска и ништо не јадела и пиела“. О кога секој свештеник со внимание на научник и со љубов на молитвеник би ги гледал и следел благодатните дејства на светата причест, слично на о. Јован!

 
< Претходно   Следно >