Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 17.06./04.06.
17.06./04.06.
17.06.2010.
Sample Image

Св. Митрофан прв патријарх Цариградски – Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, избегал од Рим како христијанин за време на гонењата на христијаните и дошол во Византија. Византискиот епископ Тип го посветил за презвитер. По смртта на тит, Дометиј станал византиски епископ. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го заземал неговиот постар син Пров (Дометиј порано бил незнабожец и имал деца), а по смртта на овој, епископскиот престол зо зазел Митрофан. Кога цар Константин првпат го видел Митрофана, го засакал како татко. Во време на Првиот вселенски собор, Митрофан веќе бил старец на 117 години, па не можејќи самиот да заземе учество во работите на соборот, го одредил својот викарен епископ Александар за свој заменик. Царот, тајно, за него го издејствувал кај соборот чинот патријарх. И така, тој бил првиот патријарх Константинополски. Уште царот го повикал целиот собор да го посети болниот и престар архипастир. Кога царот прашал кого го сака за свој наследник на патријаршискиот престол, Митрофан го именувал Александра; потоа му рекол на Александар Александриски: „О брате, ти ќе оставиш многу особен наследник!“ И го зел за рака архиѓаконот Атанасиј, подоцна Атанасиј Велики, патријархот Александриски, и го пофалил пред сите. По ова пророштво, се простил со сите и по 10 дена ја предал душата на Бога во 325 година.

Св. мч. Конкордиј – Бил голем испосник и чудотворец за време на животот на земјата. Во времето на царот Антонин бил уапсен поради верата во Христа. По маките и темнувањето, бил изведен пред камениот идол Ди да му се поклони. Тој плукнал на идолот и поради тоа бил веднаш исечен.

Св. мч-ци Фронтасиј, Северин, Северијан и Силан – Мачени во време на царот Клавдиј, во Франција. Кога им биле пресечени главите, тие се кренале, ги зеле своите глави во рацете, преминале преку реката Ин и дошле до црквата „Пресвета Богородица“, во која на Бога се молел еп. Фронтон. Влегувајќи во црквата, ги положиле своите глави пред нозете на епископот и легнале прекрстувајќи ги рацете на градите. Тука биле чесно погребани. При нивниот погреб се чуло пеење на невидливи војски на ангелите.

Преп. Зосим еп. на Новиот Вавилон – град во Египет. Се подвизувал на Синајската Гора. Доаѓајќи по работа во Александрија, бил посветен од блажениот патријарх аполинариј за епискпо вавилонски. Бил добар пастир на стадото Христово. Но кога го совладала староста и замореноста, се повлекол повторно на Синај, каде што ја предал својата душа на Бога и примил венец на славата меѓу големите ерарси. Живеел и завршил во Vl век.

Свешт-мч. Астиј еп. Драчки – пострадал во времето на Трајан. Прво бил биен со оловни прачки, а потоа разголен и гол распнат на дрво. Неговото голо тело било намачкано со мед за осите и стршлените да го јадат. Во најголеми маки, св. Астиј славејќи Го Бога, издивнал и примил два венци: и како маченик и како ерарх.

Св. Марта и Марија – Сестри на Лазар. По вознесението на Господа, Лазар отишол да го проповеда Евангелието. Во ова му помагале и неговите сестри. Не се знае каде го завршил својот живот.

 
< Претходно   Следно >