Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 09.06./27.05.
09.06./27.05.
9.06.2010.
Sample Image

Свешт-мч. Терапонт еп. Сардиски – Обратил многу Елини во верата Христова, поради што бил жестоко мачен од незнабожците со глад, темница и тепање. Разголен го положиле во земјата и го врзале за четири суви колја, па немилосрдно го тепале сè додека не му го одрале месото од коските. Но маченикот сепак останал жив, а оние четирите суви колја рззелениле и израснале во високи дрвја, од кои многу болни добивале исцеление. Најпосле св. Терапонт бил заклан како јагне во времето на Валеријан околу 259 година и се преселил со душата во Царството да ја гледа славата Божја во вечноста. Чесно пострадал во 259 година.

Св. мч-ци Теодора и Дадим – Во време на злочестивиот цар Максимилијан, во Александрија живеела Теодора девица, од благородно потекло и воспитување. Теодора била изведена на суд пред незнабожците. После долгите измачувања за Христовата вера, кнезот-мачител наредил да се фрли во блудилиштето и на војниците да им биде дозволено да влегуваат кај неа на задоволување на телесната похот. Св. Теодора се молела на Бога прилежно да ја спасио од сквернавењето и кога таа се молела, кај неа влегол еден војник по име Дидим, и ѝ рекол дека и тој е слуга Христов, ја облекол неа во своите војнички алишта, а себеси во нејзините женски алишта. Тогаш неа ја пуштил да излезе, а тој останал во блудилиштето. Потоа бил фатен и изведен пред судијата, признал дека е христијанин, дека тој ја спасил Теодора и дека е подготвен за христа да умре. Бил осуден на смрт и бил изведен на губилиште. Тогаш дотрчала и Теодора кон него и извикала: „Иако ти ја спаси мојата чест, јас од тебе не барав да ме спасиш од смртта. Отстапи ми ја мене маченичката смрт!“ На тоа светиот Дидим ѝ рекол: „Возљубена сестро, не спречувај ме да умрам за Христа и со крвта моја да ги измијам моите гревови!“ Слушнувајќи ја оваа препирка, незнабожците и двајцата ги осудиле на смрт, и двајцата биле исечени, а телата им биле изгорени во оган. Чесно пострадале и добиле венци на вечната слава во 304 година во Александрија.

Св. Давид Гереџиски – Овој Давид бил еден од 13-те отци грузиски (види 7 мај). Така би наречен поради гареџиската пустина, близу до Тифлис, каде што се подвизувал. Во староста Давид се решил со неколку ученици да ја посети Светата Земја. Манастирот им го оставил на управување на старците Лукијан и Додо и тргнал на пат. Кога стигнале до еден рид од каде што се гледал Ерусалим, Давид заплакал и рекол: „Како јас да се дрзнам, со своите грешни нозе, да одам по стапките на Богочовекот? Па им рекол на своите ученици тие, како достојни, да одат и да се поклонат на светињите, а тој зел три камења и се вратил назад. Но Господ не дал да се скрие од светот толкаво смирение и ангел му се јавил на Илија, патријархот Ерусалимски, и му рекол: „Испрати веднаш по старецот кој се враќа за Сирија; кај него има три камења, тој ја однесе со себе сета благодат од Светата Земја, нему му е доволно за благослов еден камен, а двата нека ги врати во Ерусалим, тој старец е авва Давид Гареџиски“. Патријархот бргу испратил луѓе кои го стигнале старецот Давид и му ги зеле двата камења, а него го пуштиле. Оној третиот камен и до денес лежи на неговиот гроб и има чудотворна сила на исцелување.

 

 
< Претходно   Следно >