30.04./17.03. |
29.04.2010. | |
Свеш-мч. Симеон еп. Персиски – Во времето на опакиот цар Савориј, Симеон бил тормозен за Христа со двајца свои презвитери, Авделај и Ананиј. Пред нив погинал и царевниот евнух Устазан, кој прво се одрекол од Христа, а после допрен со укорот на св. Симеон повторно ја исповедал пред царот вистинската вера. На губилиштето со Симеон биле изведени уште 1000 христијани. Симеон некако се истргнал за да биде последен исечен, та да може да ги охрабрува христијаните до крај, за ниеден да не се поколеба поради страв од смртта. Кога презвитерот Ананиј ја ставил главата на трупче, затреперил со целото тело. А царскиот прислужник Фусик, кој бил таен христијанин, почнал да го охрабрува Ананиј говорејќи: „ Не плаши се старче, затвори ги очите и биди мажествен да би ја согледал божествената светлина!“ Штом го изрекол тоа, бил повикан како христијанин и кај царот тужен. Царот и него со големи маки го убил, а исто така и неговата ќерка, девица Аскитреја. Најпосле и св. Симеон бил исечен, откако најпрво своето стадо го испратил во оној свет. Следната година, на Велики Петок, бил убиен за Христа и омилениот царски евнух Азат и со него илјада други верни. Тогаш царот го сожалил својот евнух и го прекинал натамошното убивање на христијаните. Сите чесно пострадале за Христа и Господа во 341 или 344 година. Св. Акакиј еп. Мелитински – Се подвизувал во градот во кој и се родил, т.е. во Ерменската Мелитина. Блажениот Отриј, епископот на тој град, кој учествувал на ll Вселенски собор, го ракоположил за презвитер. По смртта на Отриј, Акакиј станал епископ. Учествувал на lll Вселенски собор во Ефес, кој го осудил Несториевото злохулство на Богомајката. Тука тој заедно со св. Кирил Александриски мошне ревнувал за чистотата на верата православна. Св. Акакиј имал голема благодат од Бога и правел многу чуда. После долгата и ревносна служба на Бога, завршил мирно во 435 година. Св. Агапит папа Римски – Бил испратен од Теодота, кралот годски, кај царот Јустинијан во Цариград да го одврати овој од походот против Готите. По патот исцелил нем и слеп човек. Во Цариград помогнал да се утврди православието и завршил во 536 година. Преп. Саватиј и Зосим – основатели на подвижничкиот манастир на соловецкиот остров во Белото Море. Во овој соловецки манастир се прославиле мнозина големи светители. Св. Саватиј се упокоил во 1435, а св. Зосим во 1478 година. Р А С У Д У В А Њ Е По Халкиданскио собор, царот Анастасиј, еретик, ги испратил во заточеништво правоверните патријарси Илија Ерусалимски и Флавијан Антиохиски. Еден ден овие двајца светители ја предвиделе смртта на царот – еретик и си испратиле истовремено известување еден на друг, велејќи: „ Анастасиј умре, да појдеме и ние со него да се пресудиме со него пред Бога!“ Царот умрел и по два дена и двајцата патријарси умреле. Каква ревност кон вистината на верата! И какво кротко полагање пред Судот Божји! На овие светители не им било што подолго да живеат на Земјата, туку се грижеле за вистината Божја. Ниту пак тие рекле: „ Ние пресудивме“, туку: „ Бог нека пресуди“. Нашето постоење на Земјата и не е само заради постоењето, туку заради личното определување за добро или за зло, за вистина или за лага. Блазе нам ако во сè се ставиме на волјата Божја и на Судот Божји. За сè треба да имаме силна вера. Силна вера имаа овие православни архипастири. Силна вера имаше и св. Акакиј. Еднаш во време на голема суша, кога народот веќе очајувал, овој чуден Акакиј направил литија со народот низ градот и надвор од градот. Средил и надвор од градот да има литургија, пред црквата на св. Евстатиј. Осветувајќи ги светите дарови, Акакиј не сакал да налее вода во виното, туку се молел на Бога, Севишниот да пушти вода во путирот од облаците. И Бог ја услишал молитвата на Својот верен слуга, пуштил обилен дожд, како во сувите полиња , така и во чесниот путир. С О З Е Р Ц А Н И Е Да Го набљудувам воскреснатиот Господ Исус, и тоа: 1. Како Он уште 40 дена престојувал на земјата покажувајќи се на верните и утврдувајќи ги во верата; 2. Како Он со тоа четириесетдневно јавување покажал дека не воскреснал заради Себе, туку заради луѓето. Б Е С Е Д А Тоа е, браќа, ветување на Христа Победителот на ѓаволот, гревот и смртта. Но, и ѓаволот, и гревот и смртта се појаќи од човекот – кој може да ги победи? Никој освен Христос и оние кои цврсто ќе застанат покрај Христа и со Неговото оружје ќе стапат во борба. Ѓаволот е стар како и светот, и уште постар од светот. Како може човекот, чиј век е со мерка, да го победи оној кој многу илјада години се учел на борбата против луѓето? Како едно смртно творение може да ги совлада сите ѓаволски искушенија, чиј број изнесува колку и бројот на злото на Земјата? Никако, ако не знае дека Господ Исус ги победи трите главни видови ѓаволски искушенија на високата гора. И никако, ако не застане човекот цврсто крај Христа, Кој е постар од времето и е помоќен од сите ангели, лоши и добри. Гревот е стар како ѓаволот. Како може човекот, чиј век е со мерка, да го избегне гревот, кој се пренесува како заразна болест и како мирис од колено на колено и од човек на човек, од кога човекот постои на оваа и на ваквата Земја? Никако, ако знае дека постои еден Човек, еден единствен, кој не погреши ни во раѓањето ни по раѓањето Богочовекот Исус Христос, кој со смирението на Свето човештво и со огнот на Своето божество го уништи гревот на Крстот? И никако, ако човекот не застане цврсто крај Христа постариот од гревот и помоќниот од сите сјачи и носители на гревот. Смртта е стара како човекот, истеран од Рајот. Како може човекот, чиј век е со мерка, да ја победи смртта на овие светски гробишта? Никако, ако не ја признае силата на Крстот и страдањата Христови и вистината за воскресението Негово од гробот. Никако, ако не застане цврсто крај Христа семоќниот Победител на смртта. О каква убава наград за оние кои ќе победат1 Тие ќе седат овенчани со венци на слава на престолот на најголемиот Победител на небото и на Земјата! Нему нека Му е слава и вечна пофалба. Амин!
|
< Претходно | Следно > |
---|