Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 28.04./15.03.
28.04./15.03.
28.04.2010.
Sample Image

Св. апостоли Аристарх, Пуд и Трофим – Овие биле од бројот на седумдесетте апостоли. Аристарх бил епископ во Апамија сириска. Го споменува св. апостол Павле неколкупати ( Дела ап. 19:29; Кол. 4:10; Фил. 23 ). Во Ефес бил фатен со Гај од толпата народ која се кренала против Павле. На Колосјаните св. ап. Павле им пишува: „ Ве поздравува Аристрах, кој е затворен со мене“. А во посланиет до Филимона Павле го нарекува Аристраха „мој сотрудник“ заедно со Марко, Димас и Лука. Пуд бил угледен римски граѓанин. Св. ап. Павле го споменува еднаш ( ll  Тим. 4:21) . Домот на Пуд бил прво прибежиште на врховните апостоли, а после се обратил во црква, викана „Пастирска“. Трофим бил од Азија ( Дела ап. 20:4 ) и го следел св. ап. Павле на неговиот пат. На едно место ап. Павле пишува: „ Трофим го оставив болен во Милет“ ( ll Тим. 4:20 ). Во време на Нероновото гонење, кога ап. Павле бил исечен, биле исечени и сите овие тројца славни апостоли.

Св. мч. Сава Готски – Во Готската земја имало сурово гонење на христијаните. Некој готски кнез дојде во селото, во кое што живеел овој благочестив Сава и ги прашал селаните, дали во нивното село има христијани. Тие со заклетва го уверувале дека нема ни еден. Тогаш Сава застанал пред кнезот и пред народот и рекол: Никој нека не се заколнува за мене, јас сум христијанин“. Видувајѓи го кнезот беден и сиромашен, го пуштил со мир говорејќи: „Тој ниту може да штети ниту да користи!“ Другата година пак на Велигден дошол некој свештеник по миме Сансал во тоа село и ја отпразнувал светлата Пасха со Сава. Незнабожците го слушнале тоа, па изненадно нападнале во домот на Сава и почнале со стапови немилосрдно да ги тепаат угодниците Божји, а уште, покрај тоа, Сава гол го влечеле по трње, па тогаш обајцата ги врзале за дрви и им нуделе да јадат месо од идолски жртви. Најпосле кнезот го осудил Сава на смрт и го предал на војниците. Полн со радост Сава тргнал на губилиштето, фалејќи Го Господа. Познавајќи во него добар човек, војниците сакале по патот да го пуштат, но Сава мошне се нажалил поради тоа и им рекол дека тие се должни да ја исполнат заповетта на кнезот. Тогаш војниците го довеле до една река, му врзале камен за вратот и го фрлиле во водата. Неговото тело било исфрлено на брегот. Подоцна грчкиот војвода Јуниј Соранос, во времето на царот Валент, војувајќи против Готите, го нашол телото на Сава и го пренел во Кападокија. Св. Сава пострадал во својата 31 година, во 372 година.

Св. мч-чки Василиса и Анастасија – Две благочестиви Римјанки. Во времето на царот Нерон ги собирале исечените тела на апостолските ученици и чесно ги погребувале. Поради тоа биле тужени и фрлени во самица, па после долгите тормозења, им ги отсекле градите и јазикот, и биле обезглавени.

Р А С У Д У В А Њ Е

За созерцанието пишува св. Григориј Синаит: „Потврдуваме дека има осум главни предмети на созерцание: прво: Бог невидлив, безпочетен и несоздаден, предизвикувач на се што постои, троичен, едино и пребитни Божество; второ: чинот и состојбата на умните сили; трето: состав на видливите ствари; четврто: домостројнот воплотување на Словото; петто: сеопштото воскресение; шесто: страшното второ Христово доаѓање; седмо: вечната мака; осмо: царството небесно. Првите четири се јавени и припаѓаат на минатото, а последните четири уште не се јавени и припаѓаат на иднината, иако и овие четири јасно се созерцуваат од оние што со помош на добиената благодат стекнале чистота на умот. Кој пристапува кон оваа работа ( созерцанието ) без светлината на благодатта, нека знае дека тој ѕида фантазии и дека нема созерцание“. Така пишува великиот и видовитиот григориј Синаит, кој, она што го знаеше, го знаеше од лично искуство.

С О З Е Р Ц А Н И Е

Да го набљудувам воскреснатиот Господа Исуса, и тоа:

1.      Како Он се грижи и за телесната храна на Своите ученици, како го прекрши и го благослови лебот на учениците во Емаус;

2.      Како ги прашуваше учениците крај езерото: „ Што имате за јадење?“- па кога Му рекле дека немаат ништо, Он им подготвил леб и риба и им дал.

Б Е С Е Д А

за тоа како ние ќе личиме на оној кого што го љубиме

Досега бевме робови, а сега сме деца Божји. Бевме робови на злото, а сега сме слуги на доброто, врховното добро на небото и на Земјата. Робувавме на сето она што е подолу и погоре од човекот, а сега ќе Му служиме на Севишниот и Седобриот. Угнетувани бевме во мрак, а сега ќе делуваме во светлина. Досега не држеа: ѓаволот, гревот и смртта во непрестаен страв, а сега ќе живееме во близина на Бога, во слобода и радост. Сега... кога сега? Сега кога Господ се јави на Земјата во тело, кога ни даде наука на светлината, слобода и живот; кога воскресна славно и се покажа во Своето прославено тело; и кога ги исполни сите пророштва на пророците и сите Свои ветувања. Сега сме и ние деца Божји, синови на светлината и наследници на царството. И ќе бидеме како Него. Тоа, навистина, уште не се покажало, но Он се покажа и засега тоа е доволно. Он се покажа колку е убав човек во воскресението и ние знаеме дека, и ние ќе бидеме такви како Он. Апостол Јаков вели: „ Ние знаене дека ќе бидеме како Он“. Не вели: „ Ние претчувствуваме“, или „Нам ни е речено“, туку вели: „Ние знаеме дека ќе бидеме како Он“. Он не станал од гробот само да ја покаже Својата силе на мртовците без надеж, туку да ги увери мртовците дека и тие ќе оживеат и да им покаже какви ќе бидат кога ќе оживеат. Ниту апостолите пишувале: „Ние знаеме заради суетата на тие што не знаат, туку заради братската љубов кон луѓето, за сите луѓе тоа исто да го знаат“- за и ние да знаеме. О воскреснат Господи, утврди го во нас ова спасително знаење на молитвите на Твоите свети апостоли. На Тебе слава и вечна пофалба. Амин!

 
< Претходно   Следно >