Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Од Прологот arrow 26.04./13.03.
26.04./13.03.
28.04.2010.
Sample Image

Свеш-мч. Артемон – Бил свештеник во Лаодикија за време на царот Диоклицијан. Пред судијата-мачител, вака за себе рекол: ,, Се именувам Артемон, роб на Христа мојот Бог; 16 години бев чтец и читав книги во црквата на мојот Бог; 28 години бев ѓакон и го читав свештеното Евангелие;  33 години наполнив како презвитер, учејќи ги луѓето и потикнувајќи ги на патот на спасението со помошта Христова”. Судијата го внел во храмот на Ескулап каде што вражачите особено негувале големи змии, посветени на тој ,,бог”. Сите мислеле дека змиите ќе го каснат Артемона. Но тој се прекрстил и со силата на крстот ги приковал сите змии на земјата, така што не можеле да се помрднат. Пото ги извел сите во дворот , дувнал на нив и сите за миг ги умртвил. Сите биле во голем ужас. А главниот вражач на тој храм, Виталиј, видувајќи го ова чудо, паднал на колена пред Артемона и повикал: ,, Велик е христијанскиот Бог! ‘’ И маченикот го крстил со уште некои негови пријатели. Но злобниот судија останал упорен во злобата и го мачел старецот Артемон со разни маки. Еднаш сакал да го фрли во врела смола, но самиот од коњ паднал во неа и изгорел. Биле видени два орла кои паднале на него, го кренале од коњот  и го фрлиле во смолата. Цвети Артемон останал слободен за извесно време и шетал следен секогаш со своите два омилени елени, и го учел народот. Но побторно бил фатени и исечен во 303 година. И душата му се преселила во Царството на Христа нашиот Бог, на Кого свети Артемон верно Му служеше.

Св. мч. Крискент- Тој е од градот Мир Ликиски. Граѓанин чесен и славен. Јавно ја исповедал својата вера во Христа и им се потсмевал на мртвите идоли. Поради тоа од незнабожците бил убиен во оган.

Св. мч-чка Томаида – Родена е во Александрија од чесн родители; научена на благочестие од мала и во петнаесетата своја година венчана со чесен маж. Но нејзиниот свекор бил скверен (поган ) старец и, во отсуство на својот син, ја нападнал својата снаа и сакал да ја обечести. Томаида се уплашила и во стравот го опоменувала свекорот на Законот Божји, и му избегнувала од неговите раце. После долгата борба, свекорот извадил нож и ја заклал снаата, па ја расекол на две половини. Во тој час го стигнала казната Божја: на миг ослепел и не можел да ја најде вратата да излезе, туку тука, во одајата, бил затекнат и предаден на суд, каде го осудиле на смрт. Така Томаида пострадала за Божјата заповед, за сопружничката верност и за чистотата. Се случувало потоа мнозина мачени со блудната страст да воздигнуваат молитви кон св. Томаида и да добиваат од неа крепка помош. Големиот подвижник Даниил ги пренесол нејзините мошти во Скитот и таму ги положил во гробиштата на свештеномонасите. Св. Томаида пострадала во 476 година.

Р А С У Д У В А Њ Е

Кога маченикот Крискент Мирликиски го изведе пред суд, судијата долго го советувал да се поклони на идолите. Кога во тоа не успеал, најпосле му рекол на Крискент: ,, Поклони се само со телото, а со душата поклонувај се на твојот Бог!’’ Честитиот Крискент му одговорил: ,,Не може телото да прави ништо независно од душата, која му е двигател и водач”. Потоа Крискент бил убиен. Јасна поука, дека христијанинот не може да биде дволичен. И уште една повеќе: дека христијанинот е должен и со телото да Му служи на својот Творец, а не само со душата. Со ова се отскрива и лажниот став на некои христијани дека телесно живеат како незнабожци, а меѓутоа се фалат дека со душата веруваат во Гога и Го љубат Бога. Тие себеси се делат на две и се ставаат во служба на двајца господари, иако најсветите усти тоа го прогласиле за неможно.

С О З Е Р Ц А Н И Е

Да го набљудувам воскреснатиот Господ Исус. И тоа:

1.      како заради Тома, единствениот што не поверувал од учениците, повторно се јавува во своето прославено тело;

2.      како Тома со своите прсти ги допира белезите од раните на пречистото тело Господовои поверува.

Б Е С Е Д А

за допирот на Тома

                                                                                     Господ мој и Бог мој (Јн.20:28)

Кога апостолот Тома ги допрел раните на Господа Исуса, тој извикал: ,, Господ мој и Бог мој!

Кога Марија Магдалена го слушнала гласот на Воскреснатиот, таа во душата: ,, Господ мој и Бог мој!”

Кога Савле ја видел светлината и ги слушнал зборовите на Воскреснатиот, тој признал:,, Господ Мој и Бог мој!

Кога незнабожците со чудење гледале како безбројни маченици радосно поднесуваат маки и ги прашувале Кој е Тој Христос, секој одговарал:,, Господ мој и Бог мој!”

Кога потсмевачите се потсмевале на војските испосници и ги прашувале Кој е Тој заради Кого тие си наложуваат на себе тежок подвиг, сите имале еден одговор:,, Господ мој и Бог мој!

Кога потсмевачите се потсмевале на девојките кои се заветиле на девственост и ги прашувале Кој е Тој заради Кого тие се одрекуваат од бракот, сите имале еден одговор:,,Господ мој и Бог мој!

Кога среброљупците со чудење прашувале многу богаташи Кој е Тој заради Кого го раздавате своето богатство и постанувате сиромашни, сите тие одговарале едно и исто:,,Господ мој и Бог мој!

Некои Го видоа и рекоа:,,Господ мој и Бог мој! Некои само Го слушнаа и рекоа:,,Господ мој и Бог мој!Некои Го допреа и рекоа:,,Господ мој и Бог мој!Некои го забележаа во ткивото на случувањата и во судбината на народот и рекоа:,,Господ мој и Бог мој!Некои Го осетија Неговото Присуство во својот живот и извикаа:,,Господ мој и Бог мој!Некои Го распознаа според некое знамение на себе или на другите и извикаа:,,Господ мој и Бог мој!А некои само слушнаа за Него од другите, поверуваа и извикаа:,,Господ мој и Бог мој!Навистина овие последните се најблажени!

Да извикаме и ние од се срце, како и да дојдеме до познавање на Него и до сознание за Него:,,Господ мој и Бог мој! На Тебе цлава и вечна пофалба. Амин!

 

 
< Претходно   Следно >