Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Насловна arrow Издаваштво arrow Издадени книги во 2009 година
Издадени книги во 2009 година
15.12.2009.
  Sample Image

Излезе од печат ново издание од издавачката дејност
на Повардарската епархија „Св. Ѓорги Полошки“. Станува збор за книгата „Православниот христијански брак“, која претставува зборник од текстови посветени на православниот брак. Текстовите се од познати автори од православниот свет, а преводот на македонски јазик го направи ѓаконот Јани Мулев.

 

Содржина на книгата:

Христијанското семејство како „мала црква“ -Предговор на Митрополитот Повардарски г. Агатангел

- Православниот христијански брак - свештеник Алексиј Јанг

Тајната на Љубовта - Митрополит Антониј Сурожски

„Тешките прашања“ - протоереј Дмитри Смирнов

Семеен молитвеник



 
Sample Image
 
 

Излезе од печат книгата „Старец Пајсиј Светогорец“ која е најново издание од издаваштвото на мисионерско-хуманитарната дејност Ѓаконија. Преводот на македонски јазик го подготви протоерејот Миле Штрбевски.


Во книгата се опишани голем број моменти од животот на старецот Пајсиј како и неговите пастирски поуки.

 


 Sample Image

Издавачката дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“ при Повардарската епархија ја издаде книгата „Срцето што пее“ од рускиот автор Иван Александрович Илин.

Преводот од руски јазик го подготви ѓакон Јани Мулев. 


 Sample Image
Излезе од печат нова книга од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“.
Се испечати делото „Молитви крај езерото“ од владика Николај.
Преводот на книгата од српски јазик го подготви ѓакон Јани Мулев.
Книгата може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија.

 

Делото „Молитви покрај езерото“ на владика Николај, напишано во Охрид, е боговдахновена молитвена поезија, рамна на „Химните“ на свети Симеон Новиот Богослов. Овие негови химни пленат со својата искреност, со својата длабочина допираат до срцето на секој читател. Во нив тој на површина ги изнесува духовните проблеми, нивната причина, но наоѓа и одговор и решение за нив. Далеку од западната схоластика, нè повикува назад кон автентичен духовен живот, кон светоотечко размислување, кон Светото Предание.

Со голема болка во срцето Владиката Николај признава дека светот е болен, и тоа, болен од грев, зашто гревот е најголемата болест, од која произлегуваат сите останати; а презирањето на грешниците е презирање на болни. Нè повикува кон грешникот да бидеме милостиви, да го сожалуваме, да се молиме за него, а не да го осудуваме. И непријатели не ги нарекува непријатели, туку има сурови пријатели, кои нè учат како да се ослободиме од приврзаноста кон земното, и да се прилепиме кон Христа и Неговото Небесно царство. Токму тоа е и главната поента на оваа молитвена поезија, да нè врати и упати на вистинскиот Пат, кон Светотроичниот Бог, во љубовните прегратки на Отецот и Синот, и Светиот Дух, од Кого произлегува секое добро и само во Него ја наоѓа својата смисла за постоење.

Оваа книга не е за да се прочита и да се остави, туку да се чита и препрочитува постојано, одново и одново, за наше духовно растење, преродување и преобразување со таворската светлина Христова која ја добиваме во светотаинскиот подвижнички живот во Светата православна црква. Затоа од срце ви ја препорачувам и посакувам да ја имате во вашите библиотеки како псалтир, секојдневна храна на духот и секојдневно четиво.

 

Благословот Божји нека биде на вас, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!

 

Митрополит Повардарски г. Агатангел


 

 


 

 

 
< Претходно   Следно >