Свештенство - Кавадарци, Неготино, Демир Капија |
2.07.2007. | |
Протоереј Воислав Ѓорѓиев - Архиерејски намесник Роден е на 22. 08. 1977 г., во Кавадарци. Основно образование завршил во с. Дреново - Кавадарци. Средно образование завршил во гимназијата „Добри Даскалов” во Кавадарци, а Богословски факултет „Св. Климент Охридски” - Скопје, завршил 2002 год. За ѓакон е ракоположен на 31. 01. 2003 г., а за свештеник на 14. 02. 2003 г., од страна на тогашниот администратор Повардарски, Митрополитот Дебарско-Кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во Неготинска парохија е од 01. 05. 2003 год. Во чин протоереј е произведен од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел на 18. 09. 2011 година.
070/906-045 Парохиски свештеник протоереј Томе Јованов Роден е на 25. 04. 1970 во Штип, каде што завршил основно и средно гимназиско образование. Во 1988 г. се запишува на Педагошката академија - одделенска настава, каде што дипломирал на 23. 06. 1990 год. Се запишува на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, каде дипломира на 26. 05. 1998 год. За ѓакон е ракоположен на 21. 09. 1998 година, а за свештеник на 27. 09. 1998 година од страна на тогашниот администратор на Повардарската епархија Митрополит Дебарско - Кичевски г. Тимотеј. На 14. 02. 2005 г. во храмот „Св. Вмч. Димитрија”- Кавадарци е произведен во протоерејски чин од страна на тогашниот Митрополит г. Тимотеј. На парохиска служба во Кавадаречката парохија стапил на 15. 03. 1999 година, на 4 парохија при храмот „Св. димитрија“ - Кавадарци, каде подоцна е поставен за старешина на истиот, а после со одлука на САС на МПЦ е поставен за Архиерејски намесник од 2001 до ден денес. 043/418-852 070/239-043 Пензиониран свештеник протоереј Димо Марковачев Роден е на 26. 11. 1948 во с. Марена - Кавадарци. Основно образование завршил во Кавадарци, а средно земјоделско училиште завршува 1967 г., во Струмица. Истата година се запишува на двегодишната богословија во манастир Крки - Далмација, од каде што по еден месец ги повлекуваат македонските богослови во Македонија, затоа што се отвора Македонската православна богословија, каде продолжува и завршува во 1972 година. Богословски факултет завршува 1994 год. За ѓакон е ракоположен на 08. 01. 1974 г., а за свештеник на 26. 01. 1974 г., од тогашниот Митрополит Дебарско-Кичевски и администратор Преспанско-Пелагониски г. Методиј. На 14. 02. 1999 г., е произведен во протоерејски чин од страна на Митрополит г. Тимотеј. На парохиска служба во кавадаречката парохија стапил на 16. 03. 1988 година. 043/362-837 Протоереј-ставрофор Киро Ристов (Пензиониран) Роден е на 04. 10. 1954 г., во с. Бистреници - Неготино. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” - Скопје. За ѓакон е ракоположен на 26. 07. 1975 г., а за свештеник на 02. 08. 1975 г., од тогашниот епископ пелагониски г. Ангелариј. Произведен е во протоерејски чин на 31. 01. 1995 г., од тогашниот Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Михаил. На парохиска служба во Неготинска парохија е од 01. 08. 1981 год. 043/362-657 070/239-412
Парохиски свештеник протоереј Лазо Павлов Роден 19.02.1969 год, во Велес. Основно образование завршил во Велес, а средно образование во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 07.03.1992 година, а за свештеник на 14. 03. 1992 година, од тогашниот митрополит Повардарски г. Михаил. На парохиска служба во Валандовската парохија стапил на 01. 01. 2007 година.
Протоереј Тане Величковски Роден е на 31. 01. 1982 во Куманово, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил 2002 г., во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. Истата година се запишува на Православниот богословски факултет “Св. Климент Охридски” во Скопје, каде дипломира во 2011 година. За ѓакон е ракоположен на 03. 07. 2005 година, а за свештеник на 07. 07. 2005 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско - Кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј. На парохиска служба во кавадаречката парохија стапил на 01. 09. 2005 година.
071/375-538 Парохиски свештеник - протоереј Мартин Деневски Роден е на 13. 03. 1979 во Куманово, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил 1988 г., во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. Истата година се запишува на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски” во Скопје, каде дипломира 2011 година. За ѓакон е ракоположен на 08. 11. 2005 година, а за свештеник на 08. 01. 2006 година од страна на тогашниот Митрополит Дебарско-Кичевски и администратор Повардарски г. Тимотеј. На парохиска служба во кавадаречката парохија стапил на 15. 02. 2006 година. 071/350-442
Протоереј Сарафче Иванов Роден на 30. 11. 1976 г., во Неготино. Средно образование завршил во гимназијата „Св. Кирил и Методиј” во Неготино. Дипломирал на Богословскиот факултет „Св Климент Охридски” - Скопје во 2005 год. За ѓакон е ракоположен на 12. 03. 2006 г., а за свештеник на 19. 03. 2006 г., од тогашниот администратор Повардарски, Митрополитот Дебарско-Кичевски г. Тимотеј. На парохиска служба во Неготинска парохија е од 01. 08. 2006 год.
075/480 693 043/371 029
Парохиски свештеник Богоевски Борче Роден е на 03. 08. 1967 во Велес, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 31. 01. 1990 година, а за свештеник на 14. 02. 1990 година од страна на тогашниот Митрополит Повардарски г. Михаил. На парохиска служба во Ваташката парохија стапил на 10. 07. 2002 г. 043/419-233 070/441-934
Парохиски свештеник, протоереј Таневски Дејан Роден е на 13. 03. 1976 г., во с. Богомила - Велес, каде што завршил основно образование. Средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски” во Скопје. За ѓакон е ракоположен на 13. 04. 1999 г., а за свештеник на 16. 04. 1999 г., од страна на Митрополитот Дебарско-кичевски и тогашен администратор Повардарски г. Тимотеј. На парохиска служба во Демиркаписката парохија стапил на 01. 06. 2000 г.
043/366-346 070/511-066 Парохиски свештеник Александар Попов Роден 30.01.1981 во Кавадарци. Средно образование завршил во МП Богословија „Свети Климент Охридски“ во с. Драчево, Скопје, а сега е студент на Богословскиот Факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Во ѓаконски чин е ракоположен од митр. Агатангел на 21.11.2007 во храмот „Свети Атанасиј“ во Неготино, а во свештенички чин е ракоположен на 04.12.2007 година во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Велес. 071/250-296
Парохиски свештеник Димов Дејан Роден на 13.12. 1976 година во Неготино. Основно и средно образование завршил во Неготино. Дипломирал на Богословскиот факултет во 2005 година. Ракоположен е за ѓакон од митрополитот Агатангел на 21. 09.2007 во Неготино, а за свештеник 21.11.2007 година во Неготино. 071/637-140
Парохиски свештеник Виктор Димовски Роден 11. 04. 1988 година во Велес. Основно образование завршил во село Извор, а со средно образование се стекнал во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Дипломирал на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Во чин ѓакон е ракополжен на 25. 08. 2013 година од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на 08. 09. 2013 година е ракоположен во чин свештеник, исто така од страна на Митрополитот Агатангел.
Парохиски свештеник Ѓорѓи Лазов Роден на 24. 02. 1991 година во Кавадарци. Основно образование завршил во Кавадарци, а средно образование завршил во Македонската Православна Богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево, Скопје во 2010 година. Истата година се запишува на Православниот Богословски Факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде дипломира во 2016 година. Во ѓаконски чин е ракоположен на 16.10.2016 година, во храмот „Св. преподобна Параскева – Петка“ во Кавадарци од страна на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, а на 09.12.2016 година во манастирот „Св. Георгиј“ Неготино е ракоположен во свештенички чин, исто така од страна на Митрополит Повардарски г. Агатангел. На парохиска служба во кавадаречката парохија стапил на 01.01.2017 година.
Свештеник Љупчо Силев Rоден на 13. 08. 1992 година во Велес. Основно образование завршил во Чашка, а средно образование завршил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Дипломирал на Теолошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје во 2018 година. За ѓакон е ракоположен на 28. 10. 2018 година во црквата „Св. Петка“ во Кавадарци, а за свештеник на 11. 11. 2018 година во црквата „Св. Атанасиј“ во Неготино од страна на Митрополит Повардарски г. Агатангел.
|
< Претходно | Следно > |
---|