Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате:
Слово за Свети Јован Златоуст
14.06.2007.
  • Свети Јован Златоуст  

 
Патријарх Цариградски. Роден е во Антиохија во 354 година, од татко Секунд, војвода, и мајка Антуса. Изучувајќи ја грчакта философија Јован се згнаси од грчкото незнабоштво и ја усвои христијанската вера како едиствена и целосна вистина. Крштение прими од Мелетиј, патријархот Антиохиски, а потоа примија Крштение и неговите родители. По смртта на родителите се замонаши и почна строго да се подвизува. Тогаш ја напиша книгата „За свештенството” и тогаш му се јавија Светите апостоли Петар и Јован и му прорекоа голема служба, голема благодат, но и големо страдање. Кога требаше да биде посветен за свештеник се јави ангел Божји: истовремено и на патријархот Флавијан (после Мелетиј) и на самиот Јован. А кога патријархот го ракополагаше, сите видоа светол бел гулаб над Јовановата глава.

Прославен заради мудроста, подвигот, и словото со голема власт, беше избран по желба на царот Аркадиј за патријарх Цариградски. Шест години управуваше со Црквата како патријарх со неспоредлива мудрост и ревност.

Испрати незнабожечки мисионери кај Келтите и кај Скитите, ја сотре симонијата во Црквата симнувајќи мозина епископи-симонисти; ја рашири милосрдната дејност на Црквата; напиша посебен чин на Светата Литургија; ги посрами еретиците; ја изобличи царицата Евдоксија; Светото Писмо го растолкува со својот златен ум и јазик, на Црквата ? остави многу драгоцени книги со неговите беседи. Народот го прослави, завидливците го замразија, царицата двапати го испрати во прогонство. Во прогонство помина три години и се упокои на Крстовден, 14 септември, 407 година, во местото Коман во Ерменија. Пред смртта повторно му се јавија апостолите Јован и Петар, а и Светиот маченик Василиск (под 22 мај), во чијашто црква ја прими Светата Причест. „Слава Му на Бога за с?!”, беа неговите последни зборови и со тие зборови душата на златоустиот патријарх замина во Рајот. Од моштите на Св. Јован Златоуст главата почива во Успенскиот храм во Москва, а телото во Ватикан во Рим.

Што се однесува до христијанските великани и маченици, кои биле родени во малоазиски град Антиохија, најнапред од сите треба да го истакнеме славниот христијански исполин Свети Јован Златоуст (349-407). Тој се смета за татко на раната Црква. Уште на возраст од18 години тој станал христијанин, по што поминал шест години како монах во планините близу Антиохија. Потоа станал христијански свештеник. Бил познат како голем говорник, поради што бргу станал прочуен во христијанскиот свет. Во 398 година бил назначен за патријарх на Константинопол, но поради интриги против него бил отповикан од оваа функција и бил прогонет. Неговите приврзаници одбиле да ги признаат неговите наследници. Тој оставил бројни дела напишани на јазикот коине. Овие дела денес претставуваат неизбежна литература во христијанската теологија, а Свети Јован Златоуст денес е сметан како еден од најзначајните христијански теолози на сите времиња. Поради неговото место на раѓање и поради јазикот на кој ги пишувал своите дела, постои веројатност дека и Свети Јован Златоуст бил потомок на Македонците, кои своевремено го изградиле и го населиле градот Антиохија и чии потомци и во негово време таму живееле. Впрочем, мајката на Свети Јован Златоуст се викала Антуса, а татко му се викал Секунд. Името Секунд го среќаваме како име на Македонецот кој го придружувал Свети Павле за време на неговото патување. Во времето на Свети Јован Златоуст Антиохија имала околу 200.000 жители од кои околу половината биле христијани (Житија...ноември, стр. 314). Во негово време се споменува старешината на Антиохија по име Архелај (исто, стр. 322), што претставува уште едно име од постариот античко-македонски ономастикон. Знаеме дека Свети Јован Златоуст живеел во 4 век и во првите години на 5 век, што значи дека тој живеел речиси сто и педесет години пред наводното прво доселување на Словените од “зад Карпатите”. Па, од каде тогаш Словени во 4 и 5 век? За ова постојат две објаснувања. Прво, можеби неговиот биограф дополнително, така да кажеме, во “поново време” ја уфрлил оваа реченица во неговото житие, па така во животот на Свети Јован Златоуст во 4 и 5 век се појавиле и Словените.

                      


 
< Претходно   Следно >