Skip to content
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
  • JoomlaWorks AJAX Header Rotator
Прегледувате: Насловна arrow Против сектите arrow Одговор на учењето на баптистите
Одговор на учењето на баптистите
2.06.2008.

Г. Учењето на баптистите:

 

И нивното комплетно учење не е лесно да се согледа. Покрај она што го наведуваме како заедничко учење на повеќето секти, за нив е карактеристично:

1. Тврдат дека нема прародителски грев;

2. Грешниците не можат да бидат членови на нивната „црква“;

3. Немаат хиерархија, туку самоуправување;

4. Немаат Свети Тајни, туку само обреди;

5. Ги крштеваат само возрасните, и тоа не заради простувањето на гревовите, бидејќи по нив крштевањето не е услов за спасение;

6. Со сите сили се стремат да се одвои „црквата“ од државата;

7. Тврдат дека спасението е можно само со вера.

 

 

Православен одговор:



 

1. Светото Писмо јасно зборува за прародителскиот грев: „Ете, во беззаконија сум зачнат и во грев ме роди мајката моја“ (Псал. 50, 5). „Затоа, како што гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот - смртта, на таков начин и смртта премина на сите луѓе...“ (Рим. 5, 12).

2. Господ Исус Христос дошол заради спасение на болните и грешните, никој освен Него не е без грев.

3. Господ ја поставил хиерархијата: Он самиот е глава на Црквата, потоа доаѓаат апостолите, па епископите, презвитерите, ѓаконите итн. (Да се прочитаат Делата апостолски).

4. И сите Свети Тајни имаат своја основа во Светото Писмо.

5. Крштевањето навистина е основа на спасението:

„Кој ќе поверува и се крсти ќе биде спасен; а кој не верува ќе биде осуден“ (Марко 16, 16); „...Ако некој не се роди од вода и дух не може да влезе во царството небесно“ (Јован 3, 5); а за крштевањето на децата да се прочита: Дела 10, 2, 47; 16, 14-16; 30, 39; 1. Кор. 1,16. И со верата на ближните можно е спасение (Мат. 8, 5-13; 9, 18-25; 15, 22-28; итн.), што е основа за крштевање на малите деца и кумството.

6. „Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти, зашто нема власт што не е дадена од Бога“ (Рим. 13, 1, 5), и тоа не само поради страв, туку и поради совеста своја.

7. Апостол Јаков зборувал дека верата без дела е мртва (Јак. 2, 17, 20, 26), верата без љубов е мртва (1. Кор. 13,2).

 

 
< Претходно   Следно >